|
|
Добродојдовте на веб страницата на
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје,
Завод за испитување на материјали и развој
на нови технологии Скопје АД Скопје
ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
Својот
деловен успех и понатамошниот развој ЗАВОДОТ го темели на квалитетот на
производите и услугите, преку исполнување на барањата поставени од
меѓународните стандарди ISO 9001:2000, ISO/IEC 17025:205 и EN
45011:1998.
Врвниот квалитет е карактеристика на сите наши активности.
Основни цели на оваа политика се:
- Планирање
на сите активности со цел квалитетот на производите и услугите да бидат
основ на нашиот препознатлив стил на работа и имиџ на пазарот
- Исполнување на барања, потреби и очекувања поставени од страна на корисниците е прв деловен приоритет во сите наши активности
- Постигнување
на врвен квалитет и доверливост на нашите проектни решенија, стручни
наоди, експертизи и резултати од лабораториски испитувања на квалитетот
на производот, со примена на определени законски прописи и стандарди
- Обезбедување
и постојано унапредување на квалитетот и ефикасноста, темелно врз
одговорностите кои ги имаат сите функции и секој поединец вработен за дејностите кои ги обавува, без можност за пренесување на одговорноста на друг
- Воспоставување на добри деловни односи со корисници е основен принцип на целата организациона структура
- Реализација
на деловни и истражувачки активности со потполна примена на оваа
политика, реализација на поставени цели на квалитетот, според
процедурите и упатствата дадени од страна на системот за управување со квалитет
- Квалитет на производи и услуги кој во потполност ги исполнуваат барањата на корисникот
- Постојана обука и усовршување на сите вработени со цел на постигнување нова култура на квалитетот и свест за значењето на зачувувањето на животната средина и заштита на здравјето и безбедноста на работното место
- Мотивација
на сите вработени да остваруваат соработка, доверба и припадност кон
ЗАВОДОТ, со цел активирање на своите творечки потенцијали
- Потполно информирање на вработените и нашите корисници, кооперанти и испорачатели за нашите цели на квалитетот, плановите и непосредните активности
- Унапредување на квалитетот на испорачателите и кооперантите и воспоставување на партнерски односи со нив
- Постојано подобрување на вкупните резултати на работењето со намалување на трошоците на работата и зголемување на продуктивноста
Низ
тежнеењето својата работа да ја извршат добро прв пат, на време и секој
пат, сите вработени во ЗАВОДОТ ќе го дадат својот придонес во
спроведувањето на оваа политика.
|
|